fbpx

Peugeot 508 Wagon пристигнува на салонот во Париз?

Peugeot се подготвува да презентира карванска верзија на својот модел 508, според најновите информации, за време на изложбата во Париз, во почетокот на октомври оваа година

Технички, основата на 508 SW ќе биде речиси идентична со онаа на 508 седан. Ова значи дека погонот ќе и биде доверен на 2.0 и 1.5 литарските дизел мотори со моќност од 120 до 180 КС, како и 1.6-литарски бензин со 180 КС и 220 КС. Исто така се вели дека 508 ќе добие нова верзија, која ќе се напојува со 1.6-литарски турбо, но моќноста ќе се зголеми на околу 250-260 КС.

Дали оваа опција ќе биде достапна и во караванската изведба сеуште не е јасно.

Во однос на карго простор, обемот на багажникот се очекува да се зголеми малку, бидејќи на новиот 508 седан багажниот простор во споредба со неговиот претходник, се зголеми од 473 литри на 487 литри. Ако 508 SW се појави на шоуто во Париз, продажбата на моделот треба да започне до крајот на годината.

Peugeot
Peugeot 508 2018 Combi

Поврзани вести

Back to top button