Peugeot e-Expert е интернационално комерцијално возило за 2021
Peugeot e-Expert е шестото возило на францускиот бренд кое ја добива престижната награда „Интернационално комерцијално возилo за 2021“
Новиот Peugeot e-Expert e избран за интернационално комерцијално возило за 2021 годинa. Оваа награда е доказ за посветеноста на тимовите на Peugeot кон остварување на стратегијата за електрификација на брендот. Peugeot e-Expert е шестото возило на францускиот бренд кое ја добива престижната награда „Интернационално комерцијално возилo за 2021“ од почетокот на овие награди во 1992 година.
Електричното комерцијално возило на францускиот производител се одликува со широк работен простор што го олеснува секојдневниот живот, технологи од најновата генерација и препознатлив стил.
Овозможувајќи неограничен пристап до централните градски подрачја, новиот Peugeot e-Expert овозможува нова понуда во сегментот на компактни комерцијални возила сo 100% електричен мотор. E-Expert пристигнува со две нивоа на автономија кои обезбедуваат до 330 километри според WLTP циклусот. Исто така, електричното комерцијално возилое е достапно и во три должини (Compact, Standard и Long). Капацитетот за влечење изнесува 1.000 килограми, а носивоста е 1.275 килограми.
Кога станува збор за самата награда, IVOTY или „Интернационално комерцијално возило на годината“, е најпрестижната награда за едно комерцијално возило. Победникот се избира секоја година од гласовите од жирито составено од 25 меѓународни новинари, кои претставуваат 25 медиуми специјализирани во овој сегмент.
Верен на концептот на брендот за моќта на изборот, новиот Peugeot e-Expert го задржува стилот од верзиите со внатрешно согорување. Секако, надополнет со неколку уникатни карактеристики. Пред се, тука се мисли на дихроични лавови поставени напред и назад, кои доаѓаат со опцијата „Pack Look“. Тука е и отворот за полнење на левото предно крило, специфичната средна решетка и монограм “e-Expert” на задниот дел.
Кога станува збор за внатрешноста, треба да се истакне специфичната графика за централниот екран на допир со TomTom Traffic 3D поврзана навигација. Таа сега сега ги вклучува достапните точки за полнење и опсегот според преостанатата автономија. Тука се и новата автоматска контрола на автоматскиот менувач „e-Toggle“ и прекинувачот за избор на режим на возење за да може да изберете режим на возење (Eco, Normal, Power).
Новиот e-Expert комбинира компактни надворешни димензии со максималнa носивост. Батериите се наоѓаат под подот, без никакво влијание врз волуменот на оптоварување. Ова позиционирање, исто така, промовира цврстина, обезбедувајќи задоволство и уживање при возењето благодарение на оптималната дистрибуција на тежината.
Новиот Peugeot e-Expert е базиран на EMP2 платформата. Благодарение на тоа, нуди 100% електричен погон. Максималната моќност изнесува 100 kW со 260 Nm достапни од самото стартување за непосредна реакција.
E-Expert е првото електрично возило на францускиот бренд што нуди двоен опсег на автономија. Во зависност од барањата, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се од 50 kWh и 75 kWh. Верзиите достапни со батерија со капацитет од 50 kWh може да достигнат опсег до 230 километри според WLTP. Стандардната и долгата верзија исто така можат да бидат опремени со батерија од 75 kWh со автономија до 330 километри.