fbpx

Peugeot го лансираше 508 SW

Peugeot објави дека на европски пазарот ќе биде лансирана комби верзија на целосно новиот 508

Заедно со комби верзија на целосно новиот 508, од француската марка соопштија дека од 7 јуни ќе започне и понудата за plug-in верзијата на 508 и 508 SW.

Мултифункционалната верзија на Peugeot – 508 SW, на европскиот пазар настапи со нова генерација бензински PureTech и дизел BlueHDi мотори. Корисниците имаат можност да избираат меѓу две бензински верзии- PureTech 180 и PureTech 225 со 8-брзински автоматски менувач, како и помеѓу четири дизели- BlueHDi 130 со 6-брзински мануелен менувач, BlueHDi 130, BlueHDi 160 и BlueHDi 180 со 8-брзински автоматски менувач.

Peugeot

Новиот Peugeot 508 SW што беше претставен за прв пат за време на автосалонот во Париз 2018, доаѓа со најновата верзија на вградениот систем Peugeot i-Cockpit, а во зависност од нивото на опрема и дополнителната опрема, возилото ќе може да располага со високотехнолошки системи како што се ноќно гледање, адаптивен темпомат, функција за следење и многу повеќе.

Вратата на товарниот простор на новото Peugeot 508 SW, која може да биде отворена и далечински, нуди одличен пристап до багажниот простор. Капацитетот на просторот е 530 литри, а со преклопување на задните седиште достигнува импресивни 1780 литри.

Поврзани вести

Back to top button