Peugeot го претстави освежениот 508
Peugeot 508 добива темелно ажурирање што носи промени како ревидираната значка и корпоративната маска, опкружени со потенки фарови
Peugeot подготви освежување за 508 во седан и караванска изведба со најновата маска и значка на компанијата. Ревидираните модели од D-сегментот треба да се појават во продажните салони овој јуни. Освежениот 508 лесно се разликува од моделите лансирани во 2018 година со нивните потесни LED Matrix фарови (стандардни низ целата гама) и препознатливите дневни светла под секоја светлосна единица.
Долната решетка има набиена форма и сега се свртува надолу наместо нагоре на краевите, давајќи му на автомобилот помалку насмеано лице, но најголемата промена е резервирана за решетката, која се влева во браникот под неа и ја има најновата значка на Peugeot.
Промените на задниот дел се помалку очигледни, но маскотата со лав на Peugeot поставена на темниот панел помеѓу LED задните светла е заменета со натписот „Peugeot“. А измените внатре се исто така суптилни, но забележливо е дека старата рачка на менувачот е заменета со прекинувач, нешто што се случи со 208 и 2008 минатата година, а дебелиот управувач исто така ја има најновата значка на Peugeot.
Од сликите на внатрешноста на i-Cockpit на прв поглед не е забележливо ажурирањето на 10-иннчниот инфозабавен систем кој овозможува надградби преку воздух. Дигиталниот инструмент кластер од 12 инчи видлив над работ на воланот има нови режими на дисплеј што прикажува навигација, медиуми и помагала за возење, а 508 сега има подобрен софтвер за препознавање на гласовни команди, велат од Peugeot.
Три plug-in хибридни опции
Peugeot одлучи да не го опреми освежениот 508 со новите хибридни мотори кои беа претставени кај 3008 и 5008. Наместо тоа, седанот и караванот добиваат 1,2-литарски трицилиндричен мотор 130 КС кај базичните верзии, а купувачите можат да изберат 1,5-литарски дизел со иста моќност, која се испорачува на предните тркала преку осумстепен автоматски менувач. Над нив се наоѓаат трите plug-in хибридни опции, од кои два доаѓаат со погон на предните тркала и комбинираат електромотор со моќност од 110 КС со 1,6-литарски агрегат со 180 КС или 225 КС.
Единствената опција со погон на сите тркала е предводникот на поставата 508 PSE (Peugeot Sport Engineered) Hybrid4, кој создава комбинирани 360 КС со спојување на 1,6-литарски линиски четирицилиндричен мотор со 200 КС и 110 КС електричен мотор во носот со уште еден електричен мотор кој испорачува 113 КС до задните тркала. Спортскиот PSE добива брз вграден полнач од 7,4 kW кој може да ја наполни батеријата за 100 минути, но ќе треба да платите дополнително за тоа кај автомобилите со пониски спецификации.
Peugeot не ги објави цените за ревидираниот 508, а како што веќе напоменавме, во продажните салони треба да се појави во јуни.