fbpx

Peugeot i-Cockpit добива интегриран ChatGPT

Peugeot е еден од првите производители на автомобили кој ја интегрира вештачката интелигенција ChatGPT како услуга за своите клиенти. ChatGPT е интегриран во i-Cockpit и се активира преку гласовниот асистент „OK PEUGEOT“, може да одговори на секое прашање и понудува едно сосема ново ниво на услуга, досега неискусено.

Секогаш посветен на иновациите, Peugeot за своите клиенти ја воведува генеративната вештачка интелигенција ChatGPT во својата најновата генерација на модели.

Генеративната вештачка интелигенција ChatGPT, што е кратенка од „Chat Generative Pre-trained Transformer“, е најсовремена технологија развиена од OpenAI. Оваа технологија поседува енормна количина на податоци, со цел да обезбеди софистицирани, точни и концизни одговори на своите корисници.

Интегриран во екранот на допир на познатиот Peugeot i-Cockpit, податоците се добиваат преку вградениот гласовен асистент на многу едноставен и природен начин близу до човечкиот.

ChatGPT може да одговори на широк спектар на прашања, од едноставни до сложени и може да се вклучи во разговор.

На пример, ако пристигнете во град, можете да побарате од него да покаже кои културно-историски споменици или музеи да ги посетите, да Ви ја каже историјата за овие места, а потоа доколку сакате, системот за навигација на автомобилот да Ве води до избраната знаменитост.

ChatGPT може да направи многу повеќе отколку само да одговара на прашања. Дали на Вашите деца им е здодевно за време на долго патување? Побарајте од ChatGPT да организира квиз на тема која им е забавна и ги интересира… За неколку секунди вештачката интелигенција ќе овозможи повеќечасовна забава!

Креатор на ново искуство

Со воведување на вештачката интелигенција ChatGPT во своите автомобили, Peugeot го подобрува искуството со гласовниот асистент што го прави поинтерактивен, флуиден и интуитивен.

Peugeot го воведува ChatGPT i-Cockpit кај сите модели од најновата генерација опремени со поврзана навигација. Како соодвети модели тука се вклучуваат: новиот 208, новиот 2008, новиот 308, новиот 308 SW, новиот 408, новиот 508, новиот 508 SW, новиот E-3008, новиот E-Rifter, новиот E-Traveller, новиот E-Partner, новиот E-Expert и наскоро новиот E-5008.

Сите сопственици на Peugeot од погоре споменатите и компатибилни модели, можат да го активираат ChatGPT преку Peugeot Service Store. Воведувањето на генеративната вештачка интелигенција во возилата на Peugeot е предмет на пилот фаза која овозможува системот да се активира и бесплатно да се користи во период од 6 месеци**. Првично резервирана за првите 5.000 клиенти, оваа понуда е проширена на 10.000 клиенти.

По оваа фаза, Peugeot ќе ги земе предвид повратните информации од корисниците за да го овозможи ChatGPT за сите клиенти кои поседуваат соодветно возило.

Поврзани вести

Back to top button