fbpx

Peugeot ја прошири ЕВ поставата со e-Rifter

Peugeot ја лансираше целосно електричната верзија на својот модел Rifter, кој го добива името e-Rifter и ќе се нуди во конфигурација со пет или седум седишта

Новиот Peugeot e-Rifter ќе пристигне на европските пазари подоцна во текот на оваа година, а го користи истиот погонски склоп како и e-Partner, односно електромотор со моќност од 136 КС и 260 Nm вртежен момент и 50 kWh батерија. Според француската компанија, e-Rifter има вкупен опсег на движење од 275 километри според WLTP циклусот. Максималната брзина е 134 километри на час, а од нула до „стотка“ забрзува за 11,2 секунди.

e-Rifter

Peugeot e-Rifter пристигнува стандардно со 7,4 kW еднофазен полнач и опционално со 11 kW трофазен полнач. Неговата батерија поддржува и 100 kW брзо полнење при што за 30 минути батеријата може да се наполни од 0 до 80 проценти со 11 kW полнач. Со користење на 7,4 kW ѕиден полнач, за целосно полнење на батеријата се потребни 7,5 часа, или 5 часа кога се користи 11 kW полнач.

Исто како и e-Partner, возачите имаат три режими достапни со притискање на едно копче. Eco режимот ја лимитира моќноста на електромоторот и вртежниот момент на 82 КС и 180 Nm. Во Normal, e-Rifter на располагање добива 109 КС и 220 Nm, додека Power ја дава максималната моќност на моторот на располагање. Во последниот режим, возилото има влечен капацитет од 750 килограми. Достапни се и два регенеративни режими, наречени Moderate и Increased.

e-Rifter

Две верзии

Peugeot e-Rifter е достапен во Standard (4,4 метри) и Long (4,75 метри) варијанти. Со висина од 1,9 метри, електричното возило на Peugeot има багажен капацитет кој варира од 775 литри кај Standard верзијата со пет седишта, до 4.000 литри со преклопени седишта кај Long верзијата.

Моделот се одликува со „e-Rifter“ монограм на задниот дел, полначко место на левото задно крило и поставен е на 16-инчни алуминиумски тркала во Allure Premium спецификацијата. Вo GT нивото моделот доаѓа со 17-инчни тркала, а исто така добива и карактеристични стилски елементи и индивидуални задни седишта.

e-Rifter

Меѓу другите карактеристики тука е и Peugeot i-Cockpit, 8-инчен екран на допир, интеграција со паметен телефон, камера за возење наназад и цел куп на опрема за асистенција на возачот.

Поврзани вести

Back to top button