fbpx

Peugeot ќе го освојува американскиот пазар во следните години

Францускиот производител Peugeot е решен во својата намера да го прошири своето работење и во Северна Америка и да го освои американскиот пазар

PSA групацијата има огромна доверба во Peugeot и се убедени дека францускиот бренд ги поседува или може да ги поседува сите специфични преференци и квалитети на просечниот американски купувач. Се очекува Peugeot на американскиот пазар да пренесе поголем дел од својата гама која е достапна во Европа во САД, па така Американците ќе можат да бираат меѓу неколку хибридни и целосно електрични автомобили.

Како една од главните предности на Peugeot се наведува одличниот и несекојдневен дизајн на возилата кој францускиот брен го форсира во последно време. Дали тоа ќе биде доволно за да ја освојат довербата на Американците, останува времето да покаже. Но, факт е дека Peugеot ќе мора да започне од нула на американскиот пазар. По спојувањето на FCA и PSA, францускиот „Лав“ ќе има пристап до особено развиената дилерска мрежа која FCA ја има во Северна Америка, што секако ќе биде од помош и корист за францускиот производител на почетокот од освојувањето на специфичниот пазар. Освен тоа, Peugeot би можел да се одлучи да го искористи богатото искуство на американските марки од FCA алијансата, па лесно би можело да дојде до тоа Peugeot да направи модели кои би биле наменети исклучиво за американскиот пазар.

Со оглед на тоа дека епидемијата на новиот коронавирус направи сериозен притисок и нанесе тежок удар на автомобилската индустрија, сосема е возможно откако пандемијата ќе заврши, раководството на Peugeot да ги забрза напорите за преоѓање преку Атлантскиот океан.

Поврзани вести

Back to top button