fbpx

Peugeot лидер во релито Дакар

Француската ѕвезда на Peugeot, Сирил Депре, ја освои втората фаза во 40-тото издание на релито Дакар, во должина од 267километари низ пустина и со многу дини во околината на Писко, во Перу

Со оваа победа Депре изби на чело во вкупниот пласман на трката, а во Топ 3 на денот се најдоа уште двајца пилоти на Peugeot, минатогодишниот победник Стефан Петерхансел и Себастијан Леб. По првите два дена од релито, Депре е на чело со предност од 27 секунди пред Петерхансел, а трет е Жинел де Виларс со Toyota, кој е 5,44 минути зад новиот лидер.

Втората фаза се покажа како голем залак за Mini и Toyota – најголемите ривали на Peugeot. X-Raid дури загуби и еден од пилотите – Брис Мензес кој се преврти и тешко ќе може да продолжи. Впрочем тој е неповреден, но навигаторот, Питер Мортенсен, е со скршен глужд. Победникот од првата етапа Насер Ал-Атија изгуби над 12 минути, а неговиот навигатор Матио Бомел има здравствени проблеми.

Оваа етапа беше тешка и за ветеранот Карлос Сајнц, кој имаше голем пех, му пукнаа дури две гуми и застана малку пред финишот на делницата, што го повлече назад во пласманот, па заврш дури како шести со 13 минути зад Сирил.
Депре

Хоан Бареда со Honda ја освои втората делница и поведе кај мотоциклистите, а во поголемиот дел од етапата тој се бореше со Адриен ван Беверен, кој забележа второ место. Кај камионџиите, Едвард Николаев на Камаз им нанесе сериозен удар на своите ривали. Русинот ја освои фазата и беше најбрз на сите контроли, а по него финишираа Алес Лопрајс со Tatra и Федерико Виагра со Iveco, кој вчера беше втор.

Депре

Поврзани вести

Back to top button