fbpx

Peugeot не се враќа во САД, Stellantis се фокусира на Alfa Romeo

Групацијата Stellantis официјално потврди дека брендот Peugeot нема да се прошири на американскиот пазар, а фокусот ќе биде ставен на Alfa Romeo

Peugeot имаше за цел да се врати на северноамериканскиот пазар, меѓутоа тие планови за експанзија на францускиот бренд сега се откажани, а тоа е и официјално потврдено од страна на групацијата Stellantis. Четвртиот најголем светски произведувач ја потврди одлуката за Automotive News, но прашањето околу планот се постави уште од спојувањето на FCA и PSA, а потврдата пристигнува откако Лери Доминик беше назначен како претседател на брендот Alfa Romeo во Северна Америка. Доминик работеше четири години за да го врати Peugeot во САД, со акцент на креирање на дистрибутивен канал кој би ги заобиколил скапите салони и искористувањето на напредната технологија во рамки на подобрување на услугите за купувачите.

Доминик претходно го предводеше планирањето за враќањето на Peugeot во Америка, но сега се чини дека фокусот ќе биде ставен на тоа Alfa Romeo да ја поправи својата репутација на северноамериканскиот пазар. „Новиот контекст на Stellantis со силно присуство на американскиот пазар не наведува да се насочиме кон постоечките брендови. Токму затоа Лери ќе го развива брендот на Alfa Romeo на овој пазар“, истакнуваат од Stellantis.

Групацијата PSA, која се спои со FCA за да ја формираат Stellantis, планираше да го прошири Peugeot брендот во Северна Америка, што ќе беше враќање на овој пазар за францускиот бренд. Шефот на PSA, Карлос Таварез, сакаше да ја намали зависноста на оваа групација од европскиот пазар. Сепак, со спојувањето на FCA, Stellantis како групација сега има мошне силно присуство на американскиот пазар.

Отфрлањето на овој план од страна на Peugeot се чини дека е добра вест и за Chrysler. Првичните прогнози беа дека Stellantis ќе го згасне овој бренд, но потоа се појавија информации кои го сугерираа сосема спротивното, а тоа е дека конгломератот всушност сака да ја врати старата слава на американскиот бренд.

Поврзани вести

Back to top button