fbpx

Peugeot ќе развие лесен пикап за пазарите во целиот свет

Француската групација- PSA Group и нејзиниот кинески партнер ChangAn Automobile најави ја развој на заеднички пикап, кој ќе биде изграден на сосема нова платформа

Производството на овој модел ќе започне во 2020 година во фабриката Ding Zhou ChangAn, која е специјализирана за изработка на лесни комерцијални возила. ChangAn ќе ја продава изведбата во Кина, а алијансара PSA на сите други пазари. За сега, сите детали за моделот се чуваат во тајност, но партнерите во проектот откриле дека ќе ги „задоволат сите стандарди и очекувања на клиентите“ и ќе може да се пофалат со „бескомпромисен квалитет и долговечност“.

Peugeot Pick Up

За францускиот Peugeot, тоа ќе биде еден од осумте модели за товарање, кои се дел од стратегијата Push to Pass. Претходно ова лето, PSA Group претстави пикап – Peugeot Pick Up. Сепак, тоа не е фундаментално нов модел, бидејки користи модернизирана шасија на Nissan Navara, добиена од кинескиот партнер на Французите- Dongfeng. Peugeot Pick Up сепак не е глобален модел, бидејки е дизајниран за земјите од Африка. Во исто време, новиот пикап, кој ќе биде подготвен за три години, ќе биде достапен на сите континенти.

Поврзани вести

Back to top button