fbpx

Peugeot подготвува електричен кросовер под називот 1008

Францускиот производител Peugeot нема намера да го напушти A сегментот и за таа цел ќе подготви нов електричен кросовер

Француските медиуми најавуваат дека Peugeot ќе остане присутен во сегментот на мали автомобили, а за таа цел подготвува електричен кросвер под името 1008. Овој модел би требало да биде одговор на Dacia Spring, откако неодамна се појави информација дека Stellantis размислува да подготви одговор за малиот романски ЕВ кросовер. Како главни кандидати за тој модел се наметнуваа Citroen и Fiat, но според најновите информации, токму Peugeot ќе ја добие таа чест.

L’Argus јавува дека Peugeot ќе биде тој кој ќе има свој автомобил во A сегментот. Француската марка смета дека 1008 би бил идеална комбинација за вовед во опсегот до две класи и тоа во SUV сегментот и кај електричните возила. Тоа значи дека потенцијалниот 1008 електричен кросовер би бил позициониран под 2008, која забележа огромен успех на пазарот во Европа, а разликата со 1008 ќе биде во тоа што овој модел ќе биде пласиран и на други пазари надвор од Стариот континент, но таму би можел да биде достапен со мотори на внатрешно согорување, додека европските купувачи ќе добијат само електрична верзија.

Моделот е се уште далеку од премиера

Според неофицијалните информации, новиот 1008 електричен кросовер ќе биде поставен на CMP платформата која досега не е употребувана за возила од A сегментот, а предноста на оваа архитектура е што поддржува традиционален погон со конвенционални мотори, како и електричен погон.

Peugeot 1008

Наводно веќе е започнат и процесот на дизајнирање, односно создавање на нов изглед на моделот по налог на Карлос Таварес, а целта е моделот да добие форма која ќе гарантира поголем простор во внатрешноста на возилото. Исто така, треба да се напомене дека и покрај тоа што новиот Peugeot 1008 би бил директна конкуренција на Dacia Spring, малиот електричен кросовер сигурно ќе биде поскап во однос на романскиот ЕВ.

Во секој случај, дури и сето ова да се оствари, се најавува дека моделот ќе има своја премиера дури во 2025 година.

Поврзани вести

Back to top button