Peugeot потврди дека наскоро ќе пристигне 508 караван
Веќе имавме информации за ова, но тоа беа гласини без потврда на Французите
Сега Peugeot на Twitter понуди официјални информации дека наскоро ќе видиме караванска верзија на актуелниот 508. Французите на социјалната мрежа пласираа прилично матна слика на автомобил, но сепак се гледаат контуриет на 508 SW. Техничката база на 508 SW ќе биде практично идентична со онаа на 508 седан,а тоа значи дека погонот ќе биде доверен на 2.0 и 1.5-литарските дизел агрегати со моќност од 120 до 180 КС, како и на 1.6 бензински со 180 и 220 КС.
Кога сме кај моторите, во информациите се вели дека 508 ќе добие нова најмоќна верзија. На 1.6-литарски турбо агрегат, моќноста ќе биде зголемена до 250-260 КС. Дали таква опција ќе има и дали ќе се нуди и за караванот, сеуште не е потврдено. Во однос на товарниот простор, се очекува обемот на багажникот да порасне незначително, бидејќи багажникот на новиот 508 седан во однос на неговиот претходник исто така се зголеми од 473 литри на 487 литри.