Peugeot на саемот за i-Mobility 2019
На i-Mobility 2019, саемот за интелигентна мобилност, кој се одржува овој период во Штутгарт, автомобилската индустрија покажува првенствено нови електрични автомобили и хибридни модели
Peugeot, на пример, претставува два автомобила, кои се со новата технологија на електрика – целосно електричниот e-208 и компактниот SUV 3008 со хибриден погон. Двата автомобили ќе бидат достапни оваа година на пазарот.
„Со новиот Peugeot 208 ја спроведуваме нашата нова стратегија за флексибилност“, вели Стефан Рашиг, управен директор на Peugeot Germany. „Нашите клиенти ќе имаат можност да изберат модел и соодветен мотор за нивниот начин на живот. Сегментот SUV исто така продолжува да се стреми кон одржлива електрична мобилност – Peugeot 3008 се нуди со погон на четири тркала и е опремен со најсовремена хибридна технологија“, додава Рашиг.
Електричниот автомобил e-208 се напојува со електричен мотор со моќност од 100 kW / 136 КС и вртежен момент од 260 Nm. Неговата батерија издржува 340 километри според WLTP стандардот.
Во меѓувреме доаѓа и 3008 Hybrid4 со PureTech мотор и два електрични погони, кои се монтирани соодветно на предната и задната оска. Тие нудат вкупно производство од 220 kW/ 300 КС. Компактниот SUV забрзува од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди и поминува до 50 километри само на струја, измерено исто по стандардот WLTP.