fbpx

Picasso 660 LMS e швајцарски суперавтомобил со 660 КС

Швајарската компанија Picasso Automotive го претстави суперавтомобилот 660 LMS кој пристигнува со моќност од 660 КС

Picasso Automotive од Швајцарија, го претстави својот прв сериски модел, 660 LMS. Суперавтомобилот со каросерија од карбон и битурбо V6 ќе се произведува во ограничен број од 21 примерок, по цена од 820.000 евра, пред оданочувањето.

Компанијата е основана во 2020 година од Стефано Пикасо и Роберт Вајлд, со цел дизајнирање, инженерство и производство на лесни суперавтомобили со високи перформанси во Сан Виторе, Швајцарија. Нивниот прв модел беше прикажан минатата година под името PS-01, но беше преименуван во 660 LMS, исполнувајќи ги своите ветувања во однос на спецификацијата.

Во однос на стилот, Picasso 660 LMS инкорпорира ниска силуета со пропорции на средно поставен мотор и истакнати аеро компоненти кои генерираат до 960 kg потисна сила при максимална брзина од 315 километри на час. Целата каросерија е изработена од карбонски влакна, со изразени браници, голем сплитер, доводи меѓу фаровите, масивни влезови од страната, рачно прилагодливо задно крило и голем дифузер. 19-инчните и 20-инчните ковани тркала со една навртка инспирирани од MсLaren се обложени со гуми Pirelli P Zero Trofeo R.

Средно монтираниот алуминиумски битурбо 3.0-литарски V6 мотор произведува 660 КС и 720 Nm максимален вртежен момент. И додека тие спецификации звучат слично на Maserati MC20, но Picasso вели дека агрегатот е испорачан од Autotecnica Motori, компанија која произведува конкурентни мотори. Силата се пренесува на задните тркала преку шестстепен секвенцијален менувач на Sadev. Титаниумскиот издув е направен од SC-Project, еминентен производител на издувни системи за мотоцикли.

Picasso

Врвни материјали во изработката

660 LMS се заснова на лесна монокок шасија развиена од компанијата и произведена со помош на NuTeCo во Италија. Задната рамка е исто така направена од истиот лесен материјал, што резултира со мала тежина од 980 килограми. Домашната развиена суспензија се состои од двојни алуминиумски шипки со амортизери.

Сопирачките се дискови од 350 милиметри со шест клипни моноблок алуминиумски шапи на Brembo напред и 355 милметарски дискови со четириклипни шапи на задната страна. Автомобилот добива и прилагодлив ABS систем од Bosch. На крајот, 660 LMS е опремен со виртуелен сензор DAI на Easyrain, поставен да предвидува губење на триењето поради суровите услови на патот и да го предупредува возачот.

Picasso

Внатре во кабината наоѓаме мат финиш од карбон, волан од карбон обвиткан во Алкантара, пар седишта Sabelt со прицврстувачи од шест точки, 7-инчен инфозабавен екран на допир, многу физички контроли и два 7- инчни дигитални ретровизори.

Picasso 660 LMS дебитираше на приватен настан на изложбата Top Marques Monaco, но Принцот Алберт II од Монако го претстави на јавноста на 9 јуни. Суперавтомобилот е веќе достапен за нарачка со производство и испорака планирано да започне во втората половина на 2023 година. Picassoпланира да продаде 20 единици од 660 LMS, задржувајќи го првиот модел во своето седиште.

Поврзани вести

Back to top button