fbpx

Pininfarina Battista започна со тестови на тркачка патека

Automobili Pininfarina ги започна тестовите на прототипот на моделот Batista, првата креација на компанијата и најмоќниот производен автомобил кој доаѓа од Италија

Pininfarina Battista би требало да се појави во сериско издание кон крајот на тековната година, а целиот проект за развојот на моделот Battista го води Рене Волман, човекот кој своевремено работеше на создавањето на Mercedes SLS AMG Electric Drive, како и AMG One.

„Нашиот прототип веќе исполни 80 проценти од своите перформансни можности и тоа без никакви проблеми. Тоа значи дека Battista во овој момент е речиси еднаков со најсилните хиперавтомобили кои користат мотори со внатрешно согорување“, изјави Волман. Тој додаде дека тестовите во воздушниот тунел укажуваат на тоа дека постои можност за зголемување на автономијата на движење на овој автомобил.

Pininfarina Battista

Електричниот хиперавтомобил се напојува со технологија развиена од хрватски Rimac Automobili, а која користи индивидуални електрични мотори за секое тркало, со комбинирана моќност од 1.873 КС и 2.300 Nm. Моторите ги напојува Rimac пакување на батериите во Т облик со течно ладење и 120 kWh, кој се наоѓа веднаш зад возачот на најниската можна позиција на шасијата, со цел центарот на гравитација да биде што е можно пониско.

По долгите унапредувања, Battista сега конечно е тестиран на тркачката патека, а поранешниот Formula 1 возач, Ник Хедфил, дојде како помош со цел да го подобри, унапреди, но и да го тестира ова возило. Овој автомобил сега конечно е тестирана во својот полн сјај и резултатите и перформансите кои тој ги покажа беа воодушевувачки.

Battista достигнува максимална брзина од 350 километри на час, додека од нула до стотка забрзува за помалку од две секунди. Од нула до 300 километри на час, според тврдењата на Pininfarina брендот, Battista забрзува за помалку од 12 секунди, додека со полни батерии има автономија на движење од околу 450 километри.

Battista ќе биде претставен во Женева

Кога станува збор за дизајнот, предниот дел од моделот потсетува на дното од Ferrari Sergio концептот, каде задниот дел доби футуристички изглед благодарение на долгата светлосна лента под спојлерот. Во внатрешноста, контролната табла има три дигитални екрани насочени кон возачот, кои ги контролираат сите функции и особини. Компанијата ќе произведе само 150 примероци од овој електричен хиперавтомобил, чие производство ќе започне кон крајот на годинава.

Pininfarina Battista официјално ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева во март оваа година, кога би требало да биде позната и цената на моделот, но се уште е нејасно дали ќе биде претставен продукцискиот модел или уште едно концептуално издание. Во меѓувреме од Pininfarina најавуваат дека заинтересираните купувачи ќе можат да го пробаат овој електричен автомобил во текот на првата половина од тековната година.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=ancf1Ds1W-Q&feature=emb_logo

Поврзани вести

Back to top button