fbpx

Pininfarina го презентираше дизајнот за Foxconn Model E

Компанијата Foxconn претстави три нови модели, а едниот од нив, седанот Model E, е дизајниран во соработка со славната италијанска фирма Pininfarina

Технолошкиот гигант Foxconn, компанијата која ги произведува iPhone телефоните за Apple, навлегува и во сферата на автомобилите, а за таа цел претстави три нови нови модели. Станува збор за Model C компактниот кросовер, Model T и седанот Model E. Токму за последниот сега се појавија дополнителни детали, а истиот е дизајниран во соработка со Pininfarina, славната италијанска дизајнерска куќа. Самото деби не откри многу детали за самиот автомобил, но затоа новото видео објавено на YouTube каналот на Pininfarina дава дообјасување за моделот, особено за дизајнот на екстериерот и ентериерот.

Дизајнот на надворешноста е мошне впечатлив, со „паметни површини“ на предниот и задниот дел и на вратата. Овие детали му овозможуваат на автомобилот да контактира со околината, прикажувајќи поздрав или насока за велосипедистите. Model E на Foxconn е дизајниран како луксузно возило, со силни, одважни линии и елегантен светлосен потпис.

Според Pininfarina, Model E, кој е брендиран како Foxtron, испорачува 750 КС и достигнува од нула до „стотка“ за 2,8 секунди, а притoа нуди опсег на движење од 750 километри.

Pininfarina Model E

Во внатрешноста, обвивка на елегантен дизајн се протега од предните врати, преку столбот и до задните врати. Автомобилот има препознавање на лицето додека се приближувате до него, а главна одлика се екраните кои се обвиткуваат и во кои се поставени инструменталниот кластер, инфозабавниот екран и уште еден дополнителен екран од левата страна на возачот.

Pininfarina Model E

И понатаму остануваат непознати деталите за голем број од карактеристиките на возилото, но она што го покажа Pininfarina делува навистина импресивно кај Model E. Автомобилот, задно со другите две електрични возила на Foxconn треба да се најдат во продажба во 2023 година. Новиот модел се очекува да биде ексклузивен за Тајван на почетокот, освен ако не се обвистинат шпекулациите за Apple Car.

Поврзани вести

Back to top button