Pininfarina ќе произведува ексклузивен супер модел
Automobili Pininfarina објави дека компанијата ќе им понуди на своите идни клиенти луксузно портфолио од електрични модели, а првиот од нив ќе биде представен веќе следниот месец, за време на Monterey Car Week
Моделот ќе биде надграден врз концептот PF0. Во план е ова „првенче“ на Automobili Pininfarina да биде претставено дури и пред тоа, како премиерата на концептот, пред потенцијални партнери, клиенти и претставници на медиумите уште во текот на оваа недела за време на специјален настан во Њујорк. Воедно, на овој натсан ќе бидат презентирани и идните бизнис планови на новиот бренд пред потенцијалните партнери.