Таварес ги објави своите планови за Opel
Во плановите на шефот на PSA, Карлос Таварес, за Opel задолжително ќе фигурира намалувањето на бројот на моделите на германската марка.
Се планира концентрирање кон пазарните сегменти со висока профитна маргина и развој на електричната линија за целата PSA Group.
Поранешната единица на General Motors, купена од PSA во август оваа година, ќе ги обедини системите за купување на материјали и компоненти од добавувачи согласно со сите што работат за француската група и ќе влезе за неа на нови пазари, кои беа затворени за Opel, поради рестрикции од страна на GM. Овие промени се во основата на планот на Карлос Таварес и ќе бидат претставени на прес-конференција во четвртокот од новиот шеф на Opel, Михаел Лохшелер, во штабот на брендот во Риселсхајм. Се разбира, на истата ќе биде присутен и Таварес.
Според плановите Техничкиот центар на Opel во Риселсхајм ќе се специјализира, фокусирајќи се на целосна електрификација на сите модели под брендовите на PSA. Воедно, PSA ќе бара од Opel да ги намали трошоците за работна сила и на други несакани издатоци, да направи отстапки во цените, за да може истата да е поблиска до каталошката нивна вредност. Сите идни модели на Opel ќе бидат базирани на PSA технологии, платформи, мотори и трансмисии.
Планот за реструктуирање на Opel е согласно стратегијата што Таварес ја користеше за да РЅА се врати на профитабилни позиции по многугодишната загуба. Според планот, Германците треба да престаната да прават загуби во 2019 година и да има два проценти оперативен профит во 2020 година.