fbpx

Подгответе се за зимската сезона со Michelin

Зимската сезона само што не пристигнала, а со нејзе наближува и oбврската за поседување на зимска опрема и зимски пневматици

Зимскиот период со себе носи лизгави и влажни патни услови, па така ова годишно време ни претстаува еден од најпредизвикувачките периоди за сите возачи. Возењето во опасни услови како мраз, снег па дури и дожд, ги прави и најискусните возачи прилично нервозни и недоволно сигурни.

Сепак, сето ова може да се промени со едноставна употреба на специјално дизајнирани пневматици, наменети да одговорат на ваквите временски услови. Набавете ги вашите зимски пневматици пред да започне сезонскиот метеж, а увозникот Мотоцентар ви ги препорачува Michelin Alpin 6.

Michelin Alpin 6Кон крајот на 2018 година, Michelin го претстави своето надополнување во зимската гама на пневматици. Новата и подобрена генерација на зимските пневматици на француската компанија, Alpin 6, претставува високо перформансен зимски пневматик, кој ја наоѓа својата примена во опсегот на патничките возила.

Alpin 6 обезбедува одличен зафат со патната подлога при забрзување и сопирање на снег, а исто така може да се пофали и со 20 проценти подолг животен век од другите пневматици во своја категорија. Насочена е кон клиенти кои редовно се соочуваат со снежни врнежи и кои треба да останат мобилни во сите временски услови и услови на патот, Michelin Alpin 6 нуди импресивни перформански и одлична изведба.

Тестовите извршени од TÜV SÜD, германското тело за сертификација и тестирање на производи, покажаа дека, дури и на нивоа на абење, новиот француски пневматик го запира возилото на растојание од 5,9 метри пократко од оној на најблиските ривали, а исто така обезбедува и подобар зафат на нагорнини.

Michelin Alpin 6

Способностите на пневматикот и во изабена состојба, поизлегуваат од воведувањето на нова скулптура со голема густина на жлебовите, која се развива кога се користи пневматикот. Ова се должи на комбинација на три иновативни технологии: „Teardrop sipes“ која и овозможува на шарата да се развива додека пневматикот е во фаза на користење; „Snow chamber“ која во основата на жлебовите го задржува снегот и го подобрува зафатот со подлогата и сопирањето и „Traction Booster Compound“, технологија која се карактеризира со зголемена слоевитост во пределот на шарата и го подобрува зафатот без оглед на длабочината на шарата.

За повеќе информации обратете се во продажните места на Мотоцентар или посетете ја нивната веб страна на http://www.motocentar.com.mk/.

Поврзани вести

Back to top button