Викенд тарифа: Поглед во фабриката каде се прави Bentley Continental GT
Bentley Continental има своја традиција, а уште од педесеттите години на минатиот век овој автомобил го привлекува вниманието
Bentley исклучително го цени својот модел Continental GT, а како доказ на тоа е и документарецот за фабриката во Кру која работи на овој модел со W12 мотор. Станува збор за 6,0-литарски мотор со два компресори и 12 цилиндри, па може да испорача 626 КС и 900 Nm максимален вртежен момент додека моќноста на сите четири тркала се пренесува благодарение на осумстепениот автоматски менувач. Од нула до „стотка“ стигнува за 3,3 секунди, а максималната брзина е 333 километри на час.