fbpx

Polestar 0 е новиот радикален концепт на компанијата

Шведската компанија е во процес на развивање на семејство на целосно електрични модели, каде најновиот член Polestar 2 беше претставен во Женева, а на пат е и целосно нов SUV

Како еден од најактуелните конкуренти на шведската компанија е автомобилскиот производител Tesla, па така и најадекватни се споредбите на моделите на овие два бренда. За разлика од компанијата на Елон Маск, која во моментов брои четири модели во својата гама, сегашната палета на Polestar е составена од само два модели, Polestar 1 и Polestar 2.

Со цел да ни даде идеја како би изгледал новиот член во семејството, дизајнерот Рашид Тагиров го создал Polestar 0. Концептот не го носи името Polestar 3 бидејќи производителот веќе работи на развивање на модел со тоа име, кој ќе биде во форма на SUV.

Polestar 0

Од сликите веднаш може да го забележиме неконвенционалниот дизајн на автомобилот. Без регулациски и безбедносни ограничувања, Тагиров креирал радикално возило со значително подраматичен стил од Polestar 1 и 2. Автомобилот вклучува остри и коцкасти конструкции, каде доминираат правите линии со недостаток на заоблени делови.

Наместо конвенционалните предни светлосни уреди, концептот е опремен со само една LED лента, која се протега по целата ширина на предниот дел на возилото. Драматичниот изглед е надополнет со тркалата со несекојдневен дизајн, како и големи перки кои се издигаат над лаковите на задните тркала.

Како и повеќето концепти, слики од кабината не ни се достапни, но би било изненадувачки доколку овој модел е наменет за помалку од четири патници. Сепак, агресивната покривна линија би можела да значи ограничување на внатрешниот простор.

Но, и покрај се ова е само една футуристичка замисла за идните модели на брендот. Во реалноста, Polestar актуелно работи на развивање на новиот SUV модел, додека пак четвртиот модел се очекува да биде целосно електричен кабриолет.

Поврзани вести

Back to top button