fbpx

Polestar во директна борба со Tesla и Porsche

Откако Volvo го лансираше Polestar како независен бренд фокусиран на хибриди и електрични возила, целите на компанијата се сменети, односно пораснаа апетитите и се најавува сериозен настап.

До неодамна Polestar се занимаваше главно со тјунинг и тркачки програми на Volvo, а конкуренти му беа слични остварувања од Mercedes AMG и M-одделот на BMW, но сега Швеѓаните ќе се вклучат во други битки. Со оглед на моделите што Polestar ќе ги лансира на пазарот, компанијата ќе биде директен ривал на Tesla и компанијата која најавува рапидно зголемување на електричните автомобили -Porsche.

Првиот модел на новиот бренд – Polestar 1, е изграден на новата Volvo – SPA платформа и има заеднички дизајн со новиот Volvo S90. Но, по ова изгледа, во изградбата на идните модели, разликите помеѓу Polestar и Volvo ќе почнат да се зголемуваат. Polestar 2 ќе биде целосно електрично купе со четири врати од средната класа и ќе се разликува по својот уникатен надворешен и внатрешен дизајн. Но, сеуште ќе има некои вообичаени компоненти со моделите на Volvo, а можеби и некои заеднички дизајн идеи.Polestar 1

Polestar 2 ќе демонстрира дека сме дел од семејство со Volvo, рече Ингеген. – Не сакаме да бидеме бренд што е сосема спротивен на Volvo. Ние ги делиме заедничките вредности и скандинавскиот дизајн е важен за нас. Споделувањето на клучните технологии е во суштината на нашиот бизнис модел, ние само ќе ги користиме на малку поинаков начин.

Ние сме 100 отсто убедени дека иднината на автомобилската индустрија е во електрификацијатa, изјави извршниот директор на Polestar, Томас Ингенет.

Поврзани вести

Back to top button