Поранешниот шеф на Infiniti ќе го води развојот на Dyson EV
Компанијата Dyson најави дека поранешниот шеф на Infiniti, Роланд Кругер, ќе го води развојот на електрични автомобили
Во 2017 Dyson, ги откри плановите на компанијата за создавање на електрични автомобили. За изградба на погони во Сингапур компанијата имаше одвоено 2.7 милијарди долари, со очекување дека изградбата на постројките ќе заврши до 2020 година, а првиот првиот електромобил ќе се произведе на почетокот на 2021 година.
Веста за новата позиција на Кеугер стигна набрзо по објавата дека тој ја напуштил позицијата на шеф во Infiniti, а во новата компанија за него ќе кажат дека е човек со глобално искуство, кој добро го познава кинескиот пазар.
И покрај тоа што Сингапур нема ниту една фабрика за производство на автомобили, а исто така не е познат по ниските производствени трошоци, сепак Dyson го одбира како позиција за производство на неговите електромобили поради нејзиниот пристап до многу азиски пазари, а воедно и поради договорот кој го има оваа земја за слободна трговија со Кина.
Dyson веќе има фабрика за производство на електромотори во Сингапур и куќни уреди во Малезија, а се подготвува и да го премести своето седиште во Сингапур како би била поблиску до Азија. Компанијата поради добрите продажни резултати забележа раст на приходите во 2018 година во висина од 28%.