Новиот Porsche 718 GTS доаѓа во декември
Porsche објави дека од средината на декември ќе стартуваат испораките на новите спортски верзии 718 Boxster GTS и 718 Cayman GTS
Porsche објави дека од средината на декември ќе стартуваат испораките на новите спортски верзии 718 Boxster GTS и 718 Cayman GTS. Достапни за купување, двата автомобила се достапни по основна цена од 78.161 и 76.137 евра. Porsche 718 GTS Boxter или Cayman?
И двата нови предлози на Porsche можат да се пофалат со зголемување на максималната моќност на 2.5 литарскиот четирицилиндерски боксерски погонски агрегат, па како резултат на тоа идните сопственици на автомобилите ќе имаат можност да „потчинат“ 365 коњски сили и 430 Nm. Во зависност од желбите, клиентите ќе можат да избираат меѓу шест-брзински мануелен менувач и роботизирана менувачка кутија, како и да бираат од зголемената стандардна и дополнителна опрема.
Porsche 718 GTS
Во комбинација со роботиираната трансмисија и достапниот како дополнителна опрема Sport Chrono пакет, новите GTS модификации на Porsche ветуваат можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 4,1 секунди и максимална брзина на движење од 290 km/h.