Porsche 911 генерациски под отворено небо
Вистински Porsche караван од осумте генерации на легендарното спортско купе 911
Моделот Porsche 911 се промени навистина премногу во поглед на првата генерација која германскиот прозиводител ни ја претстави во далечната 1963 година. Сепак, додека автомобилот сигурно пораснал во големина од тогаш, Porsche направи фантастична работа на некој начин да го задржи елегантниот стил на 911, во согласност со осумте генерации на моделот. Тоа и не е баш лесна задача за секој производител на автомобили, особено кога ќе размислите како се менуваат стандардите за безбедност и другите прописи со текот на годините.
Со цел да ги одбележи осумте генерации на спортското купе, со најновата генерација на 911 спремна да дебитира, Porsche состави возбудливо видео кое го прикажува октетот како ги освојува патиштата во јужен Тајланд.
Најновиот 911, односно „992“ дебитира за моделската 2020 година, може да биде една од причините поради која производителот ги собра и останатите седум генерации. Додека автомобилот се зголеми за 2020 година, тој е полесен од последната генерација 991 и полесен од 997, кој дебитираше во 2005 година, благодарение на зголемената употреба на алуминиум и намалената употреба на ладно валаните челични конструкции.
Нема сомнение дека Porsche 911 е икона веќе цели 56 години. Постојаниот фокус на Porsche за подобрување на 911, на некој начин го чува овој автомобил на врвот на листата на спортските автомобили.