fbpx

Porsche 911 GT3 ќе се прероди во Speedster

Веќе неколку пати папараци откриваат отворена верзија на сегашната Porsche 911 (генерација 991) на европски патишта, претпоставувајќи дека е прототип на идниот Speedster

Досега моделот Speedster се појави три пати како ограничено издание на легендарниот модел, а на два пати бил последната верзија на некој модел на 911 кој бил понуден на пазарот. Значи, претпоставките дека сегашната генерација 991 ќе го прекине производството со верзијата Speedster, се повеќе од логични. Претходните генерации на Speedster отсекогаш биле базирани на 911 Carrera, но сликите на овие прототипови укажуваат на тоа дека може да има промена сега.

Моделот на кој е „изграден“ новиот Speedster е GT3.

На фотографиите јасно се гледа дека прототипите ја користат речиси целата каросерија на GT3, како и тркалата, сопирачките и слично, што пак сугерира на интересна идеја – дека новиот Speedster бил назначен за развој на специјалистите од GT департманот на Porsche. Се уште нема информации за моторот кој ќе ја управува оваа возбудлива отворена верзија на 911, но е можно е тоа да биде 6-цилиндерскиот боксер, директно преземен од GT3.

Speedster

Поврзани вести

Back to top button