Porsche 911 Turbo S доби и свој Exclusive третман
Само неколку недели откако Porsche го претстави новиот 911 Turbo S од серијата 992, автомобилот доби и своја Exclusive доработка
Porsche 911 Turbo S, како и нешто послабата верзија 911 Turbo, отсекогаш биле познати по својот јасен изглед и фантатстични перформанси. Сепак, овој и онака атрактивен модел се издвојува уште повеќе, пред се благодарение на неговата впечатлива Indian Red боја која ја доби од Porsche Exclusive Manufaktur. Сето тоа се комплементира и со затемнетите предни стакла и задни светла, црните странични отвори за воздух, двобојните Porsche Exclusive тркала кои доаѓаат во црна и сребрена боја.
Истата атрактивна шема продолжува и во ентериерот каде можат да се забележат црвени детали на контролната табла и вратите, Turbo S натпис на централната конзола, Porsche лого на потпирачите за глава. Црвената боја исто така се наоѓа и на Sport Chrono часовникот поставен во средината на контролната табла.
Кога станува збор за официјалната конфигурација на новиот 911 Turbo S, за погонот е задолжен 3,8-литарскиот шестцилиндричен мотор со два турбо полначи кои произведуваат 650 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. Оваа сила се пренесува на сите четири тркала со 8-степен PDK автоматски менувач со двојна спојка. Забрзувањето на 911 Turbo S од 0 до „стотка“ изнесува 2,7 секунди, до 200 километри на час стигнува за 8,9 секунди, а максималната брзина е 330 километри на час.
Во пакетот се и стандардните LED Matrix предни светла, проширени штитници за кал, алуминиумски тркала од 20 и 21 инчи, модифициран систем на потпирање, посилни кочници…
Новиот Porsche 911 Turbo S Coupe во Германија чини 216.396 евра, а 911 Turbo S Cabriolet чини 229.962 евра.