fbpx

Porsche Cayenne GTS и Cayenne Coupe GTS официјално дебитираа

Германскиот бренд Porsche официјално ја претстави новата Cayenne GTS линија

Porsche Cayenne GTS ќе биде достапен во кросовер и кросовер купе форма. GTS верзијата го заменува 3,6-литарскиот twin-turbo V6 мотор на својот претходник со нов 4,0-литарски twin-turbo V8 мотор кој испорачува 460 КС и 620 Nm максимален вртежен момент. Двата модели се во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

Ова е за 20 КС и 20 Nm повеќе во однос на претходниот Cayenne GTS. Со ова на новите модели им се овозможува забрзување од нула до „стотка“ за 4,5 секунди во случај кога се опремени со Sport Chrono пакетот. Двата кросовери можат да достигнат максимална брзина од 270 километри на час.

Перформансните промени ги надминуваат и самите моторни единици. Имено, Porsche GTS моделите се опремени со спортски систем на потпирање кој го спушта возилото за 20 милиметри. Моделите исто така пристигнуваат со Porsche Active Suspension Management системот како стандарден дел од опремата, како и Porsche Torque Vectoring Plus. Купувачите исто така на располагање имаат опции како Porsche Dynamic Chassis Control, управување на задната оска и адаптивна воздушна суспензија со три комори.

Porsche Cayenne GTS

Кога станува збор за стајлингот, моделите се опремени со Sport Design пакет како и затемнети светла. Двата Porsche Cayenne GTS кросовери имаат црни акценти на екстериерот. Тука е и спортскиот издувен систем – кај Cayenne Coupe GTS како опција се нудат и две централно поставени издувни цевки – и 21-инчни RS Spyder Design тркала, кои се поддржани со систем за сопирање кој вклучува црвени шапи како и дискови од леано железо. Како опција се нудат и керамички композитни сопирачки. Не треба да се заборави ниту aero body пакетот со сет прагови, заден дифузор, заден покривен спојлер, спојлер на багажникот…

Во внатрешноста се наоѓа тапацир од Алкантара на централната конзола, панелите од вратата и покривот. Дизајнерите исто така инсталирале и детали од алуминиум и ексклузивни спортски седишта со истакнати прицврстувачи. Во внатрешноста можат да се најдат и голем број на GTS лога.

Porsche Cayenne GTS линијата во моментов е достапна за нарачка во Германија, а испораките ќе започнат следниот месец. Цената за стандардниот модел изнесува 114.087 евра, додека за купе верзијата е 118.490 евра.

Поврзани вести

Back to top button