fbpx

Porsche Design слави 50 години со специјално издание на 911 Targa

Porsche Design во чест на својата 50-годишнина подготви специјално издание на 911 Targa, заедно со реставриран модел од 1972 и нов Chronograph I Limited Edition часовник

Во 1972 година Фердинанд Порше и неговиот брат Ханс-Петер го формираа Porsche Design, бренд кој може да ги пренесе принципите на автомобилскиот производител надвор од светот на автомобилите. Нивниот прв производ беше црн часовник лансиран пред 50 години кој сега инспирираше хронограф, ограничена серија на 911 и реставрација на еден легендарен автомобил.

Најновата специјална едиција на 911 е наречена Edition 50Y Porsche Design. Ограничена на само 750 примероци, моделот е базиран на 911 Targa 4 GTS и се одликува со целосно црн екстериер и класични Sport-Tex централни панели на седиштата. Втората сказалка на Porsche Design Subsecond часовникот, кој се нуди како дел од Sport Chrono пакетот, е во црвена боја како потсетник на минатото.

Porsche Design

Новиот 911 Edition 50Y се напојува со истиот битурбо шестцилиндричен мотор како и Targa GTS испорачувајќи 480 КС и доаѓа во комбинација со осумстепениот PDK менувач како стандард, како и седумстепен мануелец како опција. Моќноста се испраќа на сите четири тркала, а од Porsche велат дека од нула до „стотка“ стигнува за 3,5 секунди со помош на Launch Control.

Chronograph I – 1972 Limited Edition

Моделот ќе стане достапен во европските продажни салони од април, а неговата цена изнесува 185.606 евра. Купувачите исто така ќе можат да купат и спеццијална нова верзија на Chronograph I кој се одликува со бројот на едицијата и навивачки ротор во форма на управувач во чест на автомобилот.

Часовникот ќе биде наречен Chronograph I – 1972 Limited Edition и ќе се одликува со историското лого и натпис. Ограничен на само 500 единици, истиот е веќе достапен преку Porsche Design. Автомобилите кои инспирираа оригиналниот часовник, ќе бидат достапни преку автомобилскиот производител.

911 S 2.4 Targa

Porsche на реставрираниот 911 S 2.4 Targa од 1972 година работел две години. Кога започнала реставрацијата, на автомобилот му недостасувале голем број делови и бил во мошне лоша состојба. Porsche Design го офарба автомобилот во истите бои како и легендарниот Chronograph I кој беше дизајниран во 1972 година, со црната боја како доминантна на екстериерот и ентериерот. Targa натписот, од друга страна, е офарбан во мат црна боја, додека решетката над моторот добива „Porsche Design 50th Anniversary“ беџ со репродукција на потписот на Фердинанд Порше.

Porsche Design

На крајот, Porsche музејот ќе ја слави 50-годишнината на дизајнерската куќа со специјална изложба која ќе трае до 11 јули 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button