fbpx

Porsche e чекор поблиску до Mission R со 718 Cayman ePerformance

Porsche полека се наближува до производството на целосно електричен спортски автомобил благодарение на 718 GT4 ePerformance

Германскиот производител Porsche го конвертираше 718 Cayman GT4 Clubsport во целосно функционален електричен прототип наречен ePerformance со два електромотори и погон на сите тркала, а претставува своевиден тест за идните тркачки модели, како и за 718 Boxster и Cayman EV кои ќе пристигнат во 2025 година.

Со ePerformance Porsche ја продолжува приказната на минатогодишниот концепт Mission R. Автомобилот со 1.088 КС ни даде увид за тоа како би изгледала следната генерација на сериски и тркачки автомобили и ни ги најави погонските единици кои би можеле да се користат.

Porsche ePerformance

Како и Mission R, така и 718 GT4 ePerformance е со погон на сите тркала благодарение на двата електромотори, по еден на секој крај од автомобилот. Тие обезбедуваат максимална моќност од 1.088 КС, иако Porsche како максимална моќност во квалификацискиот режим посочува 1.000 КС и вели дека возачите можат да очекуваат 612 КС постојана моќност во времетраење од 30 минути за време на трката. Во однос на времињата на кругови, Porsche вели дека ePerformance е брз како и 911 GT3 со мотор на внатрешно согорување.

Ист, а сепак различен

Покрај перформансите, германската марка се осврна и на карактеристиките на батериите, односно нивното полнење, кое според нив изнесува 15 минути за полнење од 5 до 80 проценти, благодарение на технологијата од 900 волти.

Иако ePerformance е базиран на 718 GT4 Clubsport, има 6.000 делови дизајнирани од нула. Каросеријата е направена од композитни материјали од природни влакна и е за 140 милиметри поширока од онаа на стандардниот автомобил за да овозможи простор за пошироки тркачки гуми на Michelin кои делумно се конструирани со рециклирани материјали.

Овој 718 GT4 ePerformance ќе се најде светска демо турнеја која започнува во Европа, па следува САД на почетокот од 2023 година и ќе заврши во Азија во 2024 година, пред новите целосно електрични спортски автомобили Boxster и Cayman да се најдат во продажба во 2025 година.

Поврзани вести

Back to top button