fbpx

Porsche е производител со најголема вредност во Европа

Германската компанија Porsche официјално стана највредниот производител во Европа, надминувајќи го Volkswagen

Porsche е официјално највредниот производител на автомобили во Европа, откако вредноста на неговите акции продолжувaат да растат по долгоочекуваната јавна котација. Од четвртокот утрото, акциите на Porsche пораснаа на 93 евра, давајќи му на брендот неверојатна проценка од 85 милијарди евра, што ја надминува вредноста од 77,7 милијарди евра на VW. Вреднувањето на Porsche го става над Mercedes-Benz, BMW и Stellantis.

Акциите на Porsche накратко паднаа под нивната котирачка цена на 81 евра на почетокот на минатата недела, но беа зголемени кога инвестициските банки вклучени во иницијалната јавна понуда купија речиси 3,8 милиони акции за 312,8 милијарди евра за да го поддржат котирањето со greenshoe опција. Овие акции купени меѓу 29 септември и 4 октомври претставуваа околу 11 отсто од вкупниот обем на тргување од котирањето на Porsche.

CNN објави дека до 14,85 милиони акции во вредност од 1,2 милијарди евра се достапни преку опцијата greenshoe во четири недели по објавувањето. Bank of America беше една од оние кои купија акции преку опцијата greenshoe со цени меѓу 81 еврo и 82,50 евра.

Финансирање на транзицијата на VW кон целосно електрични возила

„Податоците за инфлацијата од Европа и Соединетите држави, неодамнешните грижи за снабдувањето со енергија во Европа и ескалацијата на војната во Украина минатиот четврток доведоа до флуктуации кои ги направија неопходните мерки за стабилизација од мал обем“, потврди портпаролот на Volkswagen.

Porsche излезе на берзата во Франкфурт кон крајот на септември по цена од 82,50 евра. Одлуката на Volkswagen Group да продаде 12,5 отсто од акциите на компанијата без право на глас собра приближно 9,4 милијарди евра (9,1 милијарди долари) и служеше како втора по големина котација во Германија досега.

Средствата генерирани преку иницјалната јавна понуда ќе бидат дистрибуирани до веќе постоечките акционери и ќе помогнат во финансирањето на транзицијата на VW кон целосно електрични возила.

„Ова е клучен елемент за групата, особено затоа што можните приходи ќе ни дадат поголема флексибилност за дополнително да ја забрзаме трансформацијата“, рече главниот финансиски директор на Porsche, Арно Антлиц, во изјавата за време на иницијалната јавна понуда.

Поврзани вести

Back to top button