fbpx

Porsche го избра името Dakar за новиот авантуристички 911

Porsche ќе го лансира својот долгоочекуван теренски 911 на 16 ноември, а во меѓувреме, додека траат тестирањата, потврди дека името на моделот ќе биде Dakar

Претходно наречен Safari, авантуристичкиот 911 на Porsche официјално ќе ја носи наставката „Dakar“ во знак на триумфот на компанијата во 1984 година на исцрпувачкото рели Париз-Дакар. 953 управуван од Рене Метге и Доминик Лемојн беше првиот 911 со погон на сите тркала, една година пред да излезе 959. Погонот на сите тркала очигледно ќе биде стандарден на новиот дериват 992. Светската премиера е закажана за 16 ноември на саемот за автомобили во Лос Анџелес 2022 година.

Porsche не навлегува во детали за техничките спецификации на автомобилот, но вели дека прототипите на 911 Dakar поминале повеќе од 500.000 километри. Над 10.000 км беа направени во различни теренски средини се со цел за да се тјунира шасијата за оф-роуд возења. Возилата за тестирање беа пробиени на тест патеката Шато де Ластур во јужна Франција, како и во Арјеплог на полињата за тестирање. Иконата на релито и амбасадор на Porsche, Валтер Рорл, им се придружи на инженерите и тест возачите на замрзнатите езера во Шведска.

Новиот 911 со зголемен клиренс бил однесен и во Дубаи и Мароко каде морал да издржи температури до 45 степени Целзиусови и да се совладува песочни дини високи до 50 метри. Засега не е познато дали новата Dakar верзија ќе има специјализирани теренски гуми и рекалибриран ABS систем за подобрување на сопирањето на земјена подлога.

Dakar не е единствениот нов член на постојано растечкото семејство 911 бидејќи Porsche исто така работи на првиот хибрид, додека за целосно електричен 911 ќе мора да почекаме бидејќи од Цуфенхаузен рекоа дека нема да излезе пред 2030 година.

Поврзани вести

Back to top button