fbpx

Porsche го покажа ентериерот на новиот Macan EV

Во пресрет на премиерата која се очекува следната година, Porsche покажа дел од кабината на новиот Macan EV

Целосно електричниот Porsche Macan во текот на следната година ќе ја доживее својата премиера, но во пресрет на истата, германскиот производител ја започна својата тизер кампања и ја покажа кабината на Macan EV.

Porsche ни даде увид во распоредот на ентериерот каде се забележливи три екрани, плус опционалниот heads-up дисплеј со проширена реалност. Тој систем го претвора предното стакло во вид на четврти екран, прикажувајќи карактеристики како што се стрелките за вртење или растојанијата до возилата напред. Гледајќи низ стаклото, проектираните слики се чини дека опфаќаат простор кој достигнува над 9 метри напред и се протега 87 инчи. Porsche вели дека тоа е еден од најголемите heads-up дисплеи во моментов достапни на пазарот.

Како стандарден дел пристигнува 12,6-инчниот заоблен дигитален дисплеј наменет за возачот. Централниот инфозабавен екран е 10,9 инчи и работи со Full HD, а опционалниот екран за патници исто така има димензии од 10,9 инчи. Опционалниот екран му овозможува на патникот да управува со неколку системи на возилото за кои инаку е потребно возачот да застане, како што се одредени функции за навигација или видео стриминг.

Macan EV

Интеграција

Системот на Macan е базиран на Android и може да се ажурира преку Porsche App Center со плејада програми како Spotify, YouTube, па дури и WebEx. Има и игри, апликација за паметни телефони Home Assistant и месечни ажурирања на мапите што треба да го одржуваат системот за навигација. Ако, сепак, претпочитате Android Auto или Apple CarPlay од внатрешното програмирање на Porsche, тоа сè уште е достапно овде. Macan дури и ќе ја додаде картата на Apple или Google Maps на екранот на возачот како дел од интеграцијата.

Секако, има уште детали кои треба да се откријат во врска со кабината на Macan EV. Porsche треба да го покаже и остатокот од внатрешноста, што значи дека сè уште не е познат распоредот на седење и просторот за складирање. Porsche вели дека Macan ќе има датум за лансирање кон почетокот на 2024 година, така што нема да мора да чекаме уште многу за повеќе информации.

Поврзани вести

Back to top button