fbpx

Porsche го претстави новиот 911 GT3 Cup

Porsche Motorsport дивизијата официјално ја претстави најновата генерација на најпродаваниот тркачки автомобил, новиот 911 GT3 Cup

Уште од 1990 година, Porsche 911 GT3 Cup претставува „златен стандард“ за трките и е омилен и меѓу аматерските и меѓу професионалните GT тркачи. Актуелниот 992-генерациски GT3 Cup го заменува актуелниот 991 модел кој дебитираше во 2016 година со значителни перформансни унапредувања во однос на претходникот.

Новиот Porsche 911 GT3 Cup почнувајќи од сезоната 2021 ќе биде дел од Porsche Mobil 1 Supercup како и Porsche Carrera куповите во Германија, Франција, Азија и Бенелукс, а за прв пат и во Северна Америка. Спектакуларно дизајнираниот Cup тркач ќе биде првата тркачка верзија на актуелната 992 генерација.

Една од најсилните карактеристики на новиот Porsche 911 GT3 Cup е оптимизираната аеродинамика и помускулестиот изглед. Сето ова е благодарение на широката turbo-spec лесна каросерија која се користи за прв пат кај еден Cup автомобил. Со ширина од 1.902 милиметри, тој е поширок за 28 милиметри во однос на претходникот и се одликува со дополнителни отвори за воздух на предниот дел кај тркалата.

911 GT3 Cup

Ист мотор, но со поголема моќност и променета каросерија

Исто така, предната осовина на 992-генерацискиот 911 исто така е значително поголема. Благодарение на ова, на предниот дел се поставени 12-инчни тркала, односно 13-инчни тркала на задниот дел. Ова е типично за GT тркач и има позитивен ефект на управливоста и возењето на тркачкиот автомобил. Освен тоа, седмата генерација на Cup тркачот има и далеку поголема аеродинамичен гравитациски потисок, благодарение на поголемиот заден спојлер и предниот „lip“ спојлер кои се стратегиски поставени на каросеријата.

Кога станува збор за моторот, Porsche 911 GT3 Cup се напојува со 4,0-литарски шестцилиндерски мотор кој испорачува 510 КС и 470 Nm максимален вртежен момент при 6.150 вртежи во минута. Зависно од тркачката серија, патеката и регулативите, тимовите ќе можат да бираат меѓу три издувни системи.

Сепак, и покрај унапредените перформанси на агрегатот, најзначителната промена на автомобилот е во дизајнот. Многу поширока каросерија, со што автомобилот добива потрадиционален GT тркачки изглед. Конструкцијата на каросеријата, која претходно сочинуваше 70 проценти челик и 30 проценти алуминиум, сега има целосно променет сооднос, па така таа изнесува 30 проценти челик и 70 проценти алуминиум. Од Porsche велат дека сето ова ќе го подобри кружното време на претходната генерација за околу еден процент. Ова е резултат кој се достигнува и покрај тоа што новата лесна конструкција на тркачот е засилена со дополнителни безбедносни карактеристики имплементирани за новата генерација, со што се добива тежина од 1.260 килограми.

Поврзани вести

Back to top button