Porsche Macan S со нов V6 мотор
Porsche објави дека новата V6 верзија на компактниот и најпродаван модел на марката- Macan S, веќе може да се нарача, а базната цена е утврдена на 64.000 евра за територијата на Германија
Porsche Macan S е опремен со ново развиен 3.0 литрски, V облик, шестцилиндричен турбо мотор кој е во состојба да генерира максимална моќност од 354 коњски сили и максимален вртежен момент од 480 Nm, што претставува зголемување од 14 коњски сили и 20 Nm во споредба со претходната верзија на моделот.
Како дополнителна опрема за Macan S од Porsche нудат Sport Chrono пакет со кој автомобилот е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 5.1 секунди и да развие максимална брзина на движење од 254 km/h.