fbpx

Електричниот автомобил на Porsche ќе биде достапен со два или три мотори

Целосно електричниот Mission E, кој треба да излезе на пазарот пред крајот на оваа деценија, ќе биде еден од најважните модели во историјата на Porsche, па од Штутгарт подготвуваат се најдобро за него

Компанијата го покажа концептот на моделот пред повеќе од две години во Франкфурт, а во последниве месеци фотографите редовно откриваат прототипи кои ги изминуваат последните тест километри. На прв поглед Mission E личи на еволуција на Panamera, но од компанијата потврдија дека електромобилот ќе е со скромни димензии во споредба со популарниот спортски седан. Според извори од компанијата, сериската верзија на Mission E ќе се нуди на пазарот во три различни варијанти, а сите три ќе се со погон на сите четири тркала.

Mission E

Porsche Mission E

Основната верзија, чија цена се очекува во САД да е пропорционална со онаа на Panamera, т.е да започнува од околу 85.000 долари, ќе биде со моќност од 402 КС. Втората верзија ќе биде со 536 „коњи“, а топ варијантата со импресивни 670 КС. За во иднина е предвидена и четврта верзија, која ќе е достапна и ќе се нуди само со погон на задните тркала. Таа ќе дојде во две верзии и тоа со 326 и 435 КС. Погонот ќе биде доверен на два електрични мотори еден на предната оска со 215 КС и еден во задниот дел, а ќе биде достапен со различна излезна моќност 326 или 435 КС.

Mission E

Најбрзата верзија на Mission E ќе забрзува од 0 до 96 km/h за околу 3,5 секунди и ќе има максимална брзина од 250 km/h, a од Porsche ветуваат „феноменални забрзувања, дури и при средни и високи вртежи”. Секако, како кај секој електромобил, автономијата со едно полнење ќе е многу важна за пазарната судбина на моделот. Од компанијата вестуваат над 480 километри во реални услови, а и можност за полнење на 80% од батеријата за 20 минути.

Поврзани вести

Back to top button