fbpx

Porsche најави голем електричен SUV модел

Раководството на германскиот производител Porsche потврди дека се работи на голем SUV модел кој ќе пристигне наскоро на пазарот со исклучиво елкетричен погон

Ентузијастите го ценат Porsche за неговите спортски автомобили, но сите се свесни дека SUV моделите, особено во Европа, се тие што ја носат најголемата заработка. Macan и Cayenne се водечки на продажните топ листи со години, а бројките би требало да станат уште подобри со доаѓањето на следната генерација на Macan кој ќе биде исклучиво електричен и ќе пристигне во 2023 година. Поттикнати од успехот на SUV возилата и бумот на ЕВ, во Цуфенхаузен подготвуваат уште еден електричен теренец.

Говорејќи на Capital Markets Day на Porsche што се одржа оваа недела во центарот за истражување и развој на Porsche во Вајсах, извршниот директор Оливер Блуме најави продолжување на линијата: „Планираме да додадеме нов луксузен, целосно електричен SUV модел во нашето атрактивно портфолио“. Ќе се склопува во фабриката во Лајпциг, а деталите засега не се познати. Сепак, Блуме додава:

„Овој нов модел дополнително ќе ја прошири нашата позиција во сегментот на луксузни автомобили. Ние особено ги таргетираме сегментите со повисока маржа и имаме за цел да искористиме нови можности за продажба на овој начин“.

Со овој нов поголем електричен SUV, претстојниот Macan EВ и моделите со нулта емисија 718, Porsche е на пат да ја постигне својата цел ЕВ возилата да сочинуваат повеќе од 80 отсто од годишната продажба до 2030 година. Новиот модел би можел да има врска со извештајот од ноември 2021 година за дилерите кои добија ексклузивна дозвола предвреме да го видат овој нов SUV.

Porsche самостојно ќе го произведува својот ЕВ

Automotive News ги цитира дилерите кои велат дека изгледа како „дел седан, дел кросовер“, без споделување стилски знаци со Macan или Cayenne. Во тој момент, на дилерите им беше кажано дека има plug-in хибриден погон, но со чисто електричен погон кој треба да пристигне подоцна во животниот циклус. Ако станува збор за истото возило, тоа може да значи дека проектот нема да биде поврзан со проектот Artemis на групацијата Volkswagen.

Automobilewoche, на почетокот на оваа година напиша за Porsche дека е подготвена да се откупи од договорот со плаќање 100 милиони евра за да го изгради својот ЕВ самостојно. Според првичниот план, моделот требаше да биде склопен во Хановер од VW Commercial Vehicles.

Извештајот продолжи да прецизира дека Porsche на крајот ќе го изгради возилото во Лајпциг, што е во согласност со изјавата дадена од Блуме за време на Capital Markets Day. Наместо да се базира на проектот Artemis, новиот модел сега се очекува да вози на PPE платформата што Porsche и Audi заеднички ја развиваат. Premium Platform Electric ќе дебитира во 2023 година со Macan ЕВ и Q6 E-Tron.

Поврзани вести

Back to top button