Лос Анџелес 2018: Porsche го покажа новиот 911 (Видео)
Појавата на новиот Porsche 911 е секогаш еден од најзначајните настани во автомобилската индустрија. Секогаш е интересно, кога германската компанија ќе го промени дизајнот на својата икона како и спецификациите, за да може тој секоја година да станува побрз.
Новата генерација на купето (992) беше официјално претставена во Лос Анџелес, каде што се одржува еден од најголемите светски автомобилски саеми. На прв поглед автомобилот не се разликува од својот претходник, но не е така. Предниот дел на автомобилот е 45 mm поширок, фелните напред се 20 инчи додека позади 21 инч.
Porsche во Лос Анџелес ги покажа модификациите 911 Carrera S и 4S, додека други модификации ќе бидат избрани за основните модели.
Големите промени во дизајнот се во задниот дел, каде тесните светла сега се поврзани со LED линија, а темната секција на браникот на возилото изгледа масовна. Исто така има промени и во спојлерот кој е зголемен.
Внатрешноста на автомобилот е потполно нов, но стилот е зачуван. Се појавија голем број на екрани и панели на допир. Главниот е 10,9-инчи поставен на централната конзола. Под него се наоѓа блок од пет копчиња за управување на основните функции, како и малиот лост на роботизираниот менувач PDK, која веќе е со 8 брзини (досега беа 7).
Постојат два екрани на таблата со инструменти. Во Porsche, тие се уште не ги напуштиле традициите и го оставиле овој централен инструмент каде се прикажуваат вртежите на моторот, но додадоа голем број на функции и ситени за помош на возачот. Покрај тоа, во основната верзија е вклучена и автоматска функција за запирање, а системот за препознавање на пешаци и животни е достапен за дополнителна исплата.
Видео
https://www.youtube.com/watch?v=iVmQ21Fcxwk
Porsche и во новиот модел продолжува да ја зголемува моќноста на моторите. Carrera S / 4S е опремен со 6-цилиндричен турбо боксер кој развива 450 КС. Максималната моќ на S верзијата е 308 КС, а погонот на четири тркала (4S) развива 306 km/h. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,7 секунди, а при додавање на пакетот Sport Chrono со функција за брз старт времето намалува за 0,2 секунди. Постои и дополнителен Wet режим за влажен пат, кој исто така се менува од воланот.
Дополнителни функции се вклучени во навигацијата на возилото. Porsche Road Trip му помага на возачот околу планот, организирањето и следењето на посебни правци, вклучувајќи ги местата за одмор, рестораните и другите атракции. Исто така, постојат и виртуелни асистенти како Porsche 360 +, кој е достапен за купувачите во секое време.
Тука е и функцијата Porsche Impact, која е калкулатор за пресметка на емисиите на возилото. Тоа му овозможува на купувачот да го научи износот што може да го плати за да го неутрализира влијанието на емисиите на CO2 што ги отфрла возилото. Дополнително, сопственикот на автомобилот може да ги пренесе парите на еден од меѓународните сертифицирани проекти за заштита на животната средина.