Porsche откри нови карактеристики за Taycan
Првиот електричен модел на Porsche ќе се напојува со два електрични мотори, на секоја оска по еден, со вкупна моќност од 600 КС
Тие ќе му дозволат на Taycan да забрза од 0 до 96 km/h за 3,5 секунди, се вели во официјално објавените податоци за моделот. Со едно полнење на батериите автомобилот ќе може да мине 500 километри. Благодарение на системот за брзо полнење, околу 15 минути ќе биде доволно за полнење за автономија од 400 km. Porsche планира да произведе околу 20.000 електромобили од моделот Taycan за една година.