fbpx

Porsche подготвува електрична верзија на Cayenne

Германскиот производител Porsche се повеќе се насочува кон електрификацијата, а најновите информации велат дека Cayenne ќе стане целосно електричен

Porsche подготвува електрична верзија на својот SUV модел Cayenne. Ова го велат неименувани извори за Autoweek, според кои Стефан Векбах е назначен да раководи со проектот за електричната верзија на Cayenne. Ова е важно бидејќи Векбах го предводеше Taycan проектот, а тој ќе го замени Манфред Харер кој претходно ја напушти компанијата.

„Единственото нешто што може да се извлече од сето ова е дека Cayenne исто така наскоро ќе стане целосно електричен автомобил исто така“, вели изворот за Autoweek. Од друга страна, треба да се има предвид дека Porsche сугерираше дека Cayenne би можел да стане електричен уште од 2019 година.

„Одлуката се уште не е донесена. Но, секако, разговараме за иднината на речиси секој модел, бидејќи побарувачката се зголемува на голем број пазари“.

Електричниот Cayenne нема да биде првиот ЕВ на Porsche кој ќе биде базиран на веќе постоечки модел. Macan ќе стане целосно електричен во 2022 година и ќе биде базиран на целосно новата PPE платформа која производителот ја разви заеднички со Audi. Конвенционалниот Macan исто така ќе продолжи да се продава заедно со електричната варијанта.

Исто така, се очекува брендот да направи хибридни и електрични верзии на 718 Cayman и Boxster, како и целосно електрична Panamera. Porsche е посветен кон електрифицирање на 80 проценти од својата постава до 2030 година. Со оглед на тоа дека вложува милиони долари во развојот на електрична платформа, како и дизајнирање на подобри батерии, јасно е дека во Porsche се посветени кон производството на електрични возила.

Актуелната трета генерација на Cayenne дебитираше во 2018 година, па новата генерација не се очекува да пристигне наскоро.

Поврзани вести

Back to top button