fbpx

Porsche подготвува нов, целосно електричен Macan

Porsche полека се подготвува да ја лансира целосно новата и електрична верзија на својот бестселер Macan

Од појавувањето на пазарот во 2014 година, овој SUV се покажа како огромен успех за германскиот производител со нешто под 100.000 продадени примероци во светот минатата година. Но, по само една генерација, Porsche радикално ќе го промени моделот кој ќе го замени во следите 18 месеци. Според информациите, Macan ќе стане целосно електричен SUV.

„Веќе започнавме со развојот на целосно електричен Macan. Тоа е наша обврска во Porsche, да размислуваме и да произведуваме спортски електрични модели“, изјави Михаел Штајнер, првиот човек на одделот за истражување и развој на Porsche.

Клучот за развојот на целосно новиот Porsche Macan е новата електрична архитектура наречена Premium Platform Electric (PPE) на која ќе бидат поставени поголеми возила од VW групацијата. Овој потег за радикална промена на најпопуларниот модел на компанијата се смета за ризична одлука, со оглед на релативно малиот, но растечки пазар за електрични автомобили ширум светот. Сепак, за да ги задоволи потребите на купувачите кои не сакаат електричен Macan, Porsche ќе продолжи да ја продава актуелната генерација на овој SUV со целосно новата верзија.

„Електричниот Macan ќе биде базиран на нова електрична платформа, а не на веќе постоеча архитектура. Заеднички е развиена со Audi и наречена е PPE. Знаејќи дека не постои многу брзина во транзицијата од ICE во електрична верзија, подготвени сме да ги имаме двете варијанти паралелно“, додаде Штајнер.

Porsche Macan

Актуелната верзија на Macan ќе се продава паралелно со новиот модел

„Неколку години, верзијата на Macan со конвенционален агрегат на внатрешно согорување ќе се продава паралелно со новиот целосно електричен автомобил. Ќе зависи од побарувањата на пазарот ширум светот за тоа колку долго ќе ги нудиме и двете варијанти“, заклучи Штајнер.

Macan ќе биде првиот автомобил кој ќе ја користи новата PPE платформа, но Штајнер истакнува дека се отвора можност за многу повеќе електрични варијанти. „PPE е сосема поинаков од платформата на Taycan. Таа платформа е изградена за ниско поставените автомобили, додека PPE за Macan е дизајнирана за високо поставените возила, со тоа се отвора можност таа да се вгради во широк распон на SUV возила. Но, оваа платформа е целосно нова“, истакна Штајнер.

Електричниот Macan ќе прифати еволутивен пристап кон својот нов дизајн, со оглед на тоа дека возилото ќе се продава паралелно со постоечкиот модел. Дизајнерски елементи од Taycan ќе се применат и на Macan, како што се предните LED светла, што значи дека овој SUV ќе биде препознатлив како електричен модел. Сепак, севкупната форма и силуета на електричниот Macan е малку веројатно дека ќе добие поголеми измени во однос на конвенционаниот модел. Електричната платформа ќе му овозможи на Porsche целосно да го промени дизајнот на кабината, а рамниот под ќе ослободи повеќе простор во внатрешноста за патниците.

Поврзани вести

Back to top button