fbpx

Porsche ќе престане да продава возила за Европа?

Германскиот производител Porsche би бил принуден да ја запре за момент со продажбата на свои автомобили во Европа, бидејќи не успева да ги покрие најновите еколошки стандарди кои влегуваат во сила оваа година

Ова го соопшти германското издание Frankfurter Allgemeine Zeitung, но нема официјална потврда од страна на компанијата. Според информациите, станува збор за новите граници за нивоата на штетни гасови, на кои засега од Porsche не можат да ги прилагодат своите автомобили. Во моментов на германскиот сајт на компанијата не работи конфигуратор за нови автомобили. При обид да се „закачите“ на него, на клиентите се истакнува дека треба да почекаат, а меѓу време можат да разгледаат веќе произведени автомобили.

Разни извори тврдат дека новите Cayenne и Panamere ќе може да се порачуваат дури во март 2019 година. Агенцијата Reuters сепак е на мислење дека ограничувањата се само привремени и наскоро проблемот ќе биде решен. Минатата година властите во Германија забранија регистрацијата на новите кросовер Porsche Cayenne, опремени со 3.0-литарски дизел V6. Причината е дека во агрегатот беше откриен софтвер кој ги „сокрива“ реалните емисии.

Министерството за транспорт го задолжи Porsche да отповика во работилниците 22.000 примероци од моделите за промена на програмата и опремата.

Porsche

Поврзани вести

Back to top button