Лос Анџелес 2017: Четири светски премиери од Porsche
Porsche објави дека за време на меѓународниот салон во Лос Анџелес на штандот на марката ќе се одржат светските премиери на четири нејзини нови пазарни предлози
На салонот Porsche ќе ги претстави: Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo, 718 Boxster GTS, 718 Cayman GTS и 911 Carrera T, а за прв пат во Северна Америка ќе биде претставена и новата генерација на Cayenne. Од Porsche додаваат исто така, дека ова е своевиден одговор на компанијата поради зголемениот кориснички интерес во САД оваа година.
Продажните резултати покажуваат дека во првите девет месеци, реализацијата на компанијата е на ниво од 45.952 единици, што претставува зголемување од 2,7% во споредба со истиот период минатата година. Главните модели во Земјата на неограничените можности се Macan (+ 16.3%) и Panamera (+ 52.5%).