fbpx

Porsche се вклучува во вселенската трка

Компанијата Porsche SE најави нова инвестиција во Isar Aerospace старт-ап фирмата, пренесува Automobilwoche. Ова докажува дека Елон Маск и Џеф Безос не се единствените кои инвестираат во вселенска технологија, што станува навистина мејнстрим во последните години.

Попрецизно, инвестицијата не пристигнува од Porsche AG, туку од Porsche Automobil Holding SE, холдинг компанија која ги поседува контролните акции во Volkswagen Групацијата. Ова значи дека производствениот одделна Porsche, кој е поседуван од VW Групацијата e индиректно поседуван од Porsche SE во оваа комплексна корпорациска поставеност. Porsche Engineering и Porsche Design фирмите се исто така подружници на Porsche SE.

Porsche SE обезбеди одреден дел на проценти од акциите во Isar Aerospace. Луц Мешке, член на бордот во Porsche AG и Porsche SE, кој е задолжен за инвестиции истакна: „Како инвеститор со фокус на мобилноста и индустриските технологии ние сме убедени дека ефтиниот и флексибилен пристап до вселената ќе обезбеди иновации во голем број индустриски сектори“.

Isar Aerospace, која е базирана во Минхен, е оформена во 2018 година со фокус на вселенската технологија и развојот и производство на лансирни возила за сателитите. Според официјалниот вебсајт на компанијата, тие работат на „истражување во врвното ракетно инженерство“ и нивната крајна цел е да понудат „одржлив и ценовно пристапен пристап во вселената“. Благодарение на најновата рунда на финансирање, компанијата собра 75 милиони евра од инвеститори вклучително и Porsche SE, со вкупно повеќе од 180 милиони инвестирани до денес.

Со користењето на овие фондови, Isar Aerospace ја развива Spectrum ракетата која се очекува да биде лансирана во вселената во 2022 година. Предностите во цената на оваа ракета може да се достигнат преку висок степен на автоматизација во производствениот процес, овозможувајќи поевтин транспорт на сателитите во орбитата.

Поврзани вести

Back to top button