Porsche смета дека може да генерира поголем профит од ЕВ
Компанијата Porsche смета дека електричните возила можат да бидат попрофитабилни во однос на конвенционалните возила
Автомобилската индустрија моментално е во ера на огромни трансформации и процесот нема да заврши наскоро. Голем број производители на автомобили ги преиспитуваат своите стратегии и инвестираат милијарди долари во технологии за ЕВ, но (повеќето од нив) допрва треба да достигнат пристојни маржи во продажба на електрични возила. Сепак, еден од водечките играчи на ЕВ во индустријата, Porsche, верува дека оваа точка ќе се достигне наскоро.
Главниот финансиски директор на компанијата, Луц Мешке, за време на Сapital Market Day на Porsche минатата недела и рече дека компанијата очекува да постигне паритет помеѓу маржите на електричните возила со оние на моделите со мотор на внатрешно согорување за околу две години од сега. Во период од околу пет години, Мешке очекува маржите од продажбата на ЕВ да се зголемат бидејќи клиентите со задоволство плаќаат повеќе за новите технологии.
Глобалната прогноза на Porsche е дека приближно половина од сегментот на луксузни автомобили ќе припаѓа на електрични возила до крајот на деценијата. Производителот на автомобили сака да биде пред конкуренцијата и да продаде приближно 80 отсто целосно електрични Porsche до 2031 година.
„Нашата цел е селективно да ги прошириме сегментите со повисока маржа и да ги искористиме можностите за цените на електричните возила“, рече извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, додавајќи дека компанијата цели на принос од продажба од повеќе од 20 отсто во споредба со 16 отсто минатата година. Сепак, 911 со мотор на внатрешно согорување останува најпрофитабилниот модел на Porsche, победувајќи го електричниот Taycan.
Porsche подготвува електрична офанзива
Меѓу најважните нови електрични возила што ги подготвува Porsche е целосно електричната верзија на Macan, а компанијата , исто така, неодамна откри дека подготвува електричен луксузен теренец кој ќе биде поставен над Cayenne.
Porsche планира јавен оглас за да помогне во финансирањето на својата електрична транзиција. Иницијалната јавна понуда се работеше многу месеци и не многу одамна, некои банкари вклучени во потегот го проценија производителот на автомобили на повеќе од 80 милијарди евра. Сепак, неодамна се појави дека може да биде потребно големо намалување за иницијална јавна понуда, што значи дека Porsсhe можеби ќе треба да се задоволи со само 60 милијарди евра.
Банкарите вклучени во зделката се очекува да ги испитаат условите на пазарот на крајот на август, додека конечната одлука на одборот на Porsche ќе дојде набргу потоа. Повеќето извори сугерираат дека иницијалната јавна понуда на берзата во Франкфурт ќе се случи кон крајот на третиот квартал или почетокот на четвртиот квартал.