Porsche со ретро дизајн за новиот 911 Targa 4S Heritage Design
Германскиот производител Porsche го претстави својот нов 911 Targa 4S Heritage Design Edition кој со својот ретро стил буди носталгија
Означен како првиот од четирите Heritage Design модели, овој Porsche 911 Targa 4S е дизајниран да потсетува на педесеттите и шеесеттите години на минатиот век преку својот класични дизајнерски елементи кои се „реинтерпретирани и комбинирани со најновите технологии.
Моделот е офарбан во ексклузивна Cherry Metallic боја која е контраст на златното лого. Автомобилот исто така содржи и ретро инспирирани бели акценти и специјален Porsche Heritage беџ на задниот отвор за воздух. Но, „олд скул“ стајлингот не завршува тука. Моделот се одликува и со грбот на Porsche од 1963 на предниот браник, управувачот, потпирачите за глава и клучот. Класичното лого исто така може да се најде и на 20 и 21-инчните Carrera Exclusive Design тркала. По барање на купувачите, Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition може да се добие со „тркачки број“ од 0 до 99, кој ќе ја краси надворешноста на моделот.
Во внатрешноста, возачите ќе забележат ентериер со два различни тонови со сомот на седиштата и панелите на вратите. Porsche тврди дека ова е потсетник на 356 и ги оживува духот и модата на 1950-тите години. Внатрешноста од покривот е обложена со кожа и микрофибер, а тука е и индивидуално нумерираната плакета. Купувачите ќе можат да добијат и специјално изработен часовник кој е изработен од Porsche Design ексклузивно за сопствениците на автомобилот.
Како што е напоменато оваа специјална едиција е базирана на Porsche 911 Targa 4S. Тоа значи дека се напојува со twin-turbo 3,0-литарски шестцилиндричен мотор кој испорачува 450 КС и 528 Nm максимален вртежен момент. Поврзан е со осумстепен менувач со двојна спојка кој овозможува автомобилот со погон на сите четири тркала од нула до „стотка“ да стигне за околу 3,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 304 километри на час. За да ги задоволи сите вкусови, овој автомобил може да биде опремен и со седумстепен мануелен менувач.
Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition е креиран од страна на Porsche Exclusive Manufaktur, а производството ќе биде ограничено на 992 единици ширум светот. Моделот веќе е достапен за нарачка, продажбата ќе стартува на есен, а цената изнесува 185.854 евра.