fbpx

Porsche со тизер за модел кој го дизајнирал, но не го произведе

Porsche објави тизер фотографија од мистериозен модел кој е создаден во Porsche Design Studio, но никогаш досега не бил прикажан

Многу малку детали се познати за овој мистичен модел, освен тоа што Porsche истакнува дека својата инспирација ја влече од деновите на спортските тркачки автомобили во 50-тите години на минатиот век. Станува збор за автомобил кој германската компанија го дизајнирала, но никогаш го нема произведено.

Германската компанија започна една интересна кампања под насловот Porsche Unseen, при што производителот објавува затемнети фотографии од автомобили кои никогаш не успеале да стигнат до производствената линија. Викендов, како дел од првата епизода од тизер кампањата, ни пристигна фотка од мистериозен модел.

Тизерот го открива автомобилот од задната страна каде се забележливи тенките задни светла и големото Porsche лого финиширано во црвена боја. При осветлување на фотографијата забележливо е дека на регистрациската табличка пишува „Little Rebel“ или „Малиот бунтовник“. Ова е јасна алузија на Џејмс Дин, популарниот актер од култниот Rebel Without a Cause (Бунтовник без причина) и неговото Porsche кое го носеше името „Little Bastard“, кој загина во трагична несреќа во 1955 година. Неминовно е да се забележат и големите задни крила и сводовите над тркалата, како и изгледот на дифузерот.

Следуваат уште модели

Иако не е објавена фотографија од предниот дел, јасно е забележливо дека автомобилот е speedster, што може да се забележи од малиот прозорец и недостатокот на фиксиран покрив, навестувајќи дека Porsche бил инспириран од 550 Spyder при дизајнирањето на Little Rebel. Моделот сигурно не изгледа како нешто што Porsche би го дизајнирал пред неколку децении, туку повеќе изгледа како модерна интерпретација на возило кое никогаш не влегло во производство, пред се поради фактот што јасно е забележливо дека возилото го следи морениот дизајнерски јазик на компанијата. Од Porsche најавија дека ќе пристигнат уште фотографии бидејќи тизер кампањата ќе трае 10 дена.

Не е јасно зошто овој автомобил не успеал да влезе во производство, но постојат мали сомнежи дека со секогаш популарниот Boxster во опсегот на Porsche, во Вајсах одлучиле дека нема простор за уште еден компактен модел со отворен покрив.

Поврзани вести

Back to top button