Последни тестови за VW Tiguan R пред неговата премиера
Развојот на R-верзијата на SUV моделот од средната класа на VW Tiguan, зема повеќе време од очекуваното, но последните слики од тестовите покажуваат дека овој проект е во завршна фаза
На прв поглед прототипот на VW Tiguan R не се разликува од верзијата R-Line, но поголемата моќност е сигурна, а тоа се гледа од издувниот систем, кој лесно паѓа во очи. Се претпоставува дека Tiguan R ќе го добие истиот мотор како Golf R и T-Roc R, ЕА888 со моќност од 300 коњски сили плус системот за погон 4х4 Haldex и 7-степената трансмисија со две спојки.
Импресивната моќност на моторот, исто така, мора да одговара на модифицираната суспензија, која најверојатно ќе дојде со адаптивни амортизери. Истото важи и за сопирачките скриени зад 20-инчните тркала.
VW Tiguan е базиран на истата платформа која е користена при создавањето на Golf и T-Roc – MQB, што значи дека лежиштето на моторот ЕА888 ќе биде релативно лесна задача и нема да се наметнуваат сериозни промени.
Ако го користиме T-Roc R за пример, логично е да очекуваме промени и во ентериерот за Tiguan R. Пазарната премиера за овој модел е закажана за следната година.