Постои ли сличност помеѓу паметните телефони и автомобилите?
Пазарот на паметни телефони се развива на сличен начин како и кај автомобилите
И кај паметните телефони, како автомобилите, постојат премиум брендови, масовни производи, како и буџетски ставки. Повеќе агенции се обидоа да направат споредба меѓу смартфоните и автомобилите или со други зборови да покажат кои марки на мобилни уреди одговараат на различните автомобилски брендови.
Asus – Kia
Asus нуди телефони со среден опсег. Брендот е добро познат, се карактеризира со добар квалитет, а цените се привлечни. Исто како и Kia!
Alcatel – Renault
Заедничко за двете компании не е само француското потекло, туку и фактот што тие обрнуваат внимание на земјите во развој. Renault ја има мошне успешната буџетска марка Dacia, а Alcatel – TCL.
Nokia – Volvo
Скандинавските производители на смартфони и автомобили личат по тоа што силно ги ценат квалитетите како цврстина, долговечност и сигурност.
HTC – Alfa Romeo
Производството на HTC е слично како на Alfa Romeo, беше многу популарно во минатото отколку што е сега. Дури и причината за падот е иста – сигурност.
Blackberry – Cadillac
И двете компании имаа многу години успех, но тоа беше во минатото. Денес, автомобилите наCadillac и Blackberry паметните телефони изгледаат вообичаено.
Google – Subaru
Фановите ја ценат Subaru поради постојаниот 4×4 пренос на тркалата и специфичните мотори. Таквата мала група хардкор фанови имаат Google Nexus и Pixel.
Oppo – Volkswagen
Оваа споредба е многу едноставна. Oppo е светски лидер во производството на паметни телефони, а Volkswagen е светски дилер на автомобили.
Xiaomi – Тоyota
Производството на обете марки е масивно, при што двете компании се фокусираат на производи кои се карактеризираат со пристоен однос на цена / квалитет.
Sony – Lexus
Смартфоните на Sony не се евтини и тие се сигурни. Истото може да се каже и за автомобили што се сепродаваат под брендот Lexus.
LG – Audi
LG паметните телефони се меѓу првите телефони во светот. Но, тие се во сенка на уште два силни конкуренти. Слично е и позицијата на Audi кај автомобилите.
Apple – Mercedes-Benz
Двете марки се многу престижни и брендирани. Тие се синоним за производот и се препознатливи низ целиот свет.
Samsung – BMW
Борбата помеѓу Samsung – Apple не е ни помалку сериозна од многу постарото ривалство меѓу BMW и Mercedes.