fbpx

Потврден нов plug-in хибридниот суперавтомобил на McLaren

Со предно поставен електричен мотор и погон на сите четири тркала, британскиот plug-in хибрид до 100 km/h ќе забрзува за 2,3 секунди

Британскиот производител McLaren за прв пат навлезе во електрификацискиот свет уште во 2013 година кога го претстави plug-in хиперавтомобилот P1. Со години наназад, производителот зборува дека технологијата сеуште не е подготвена за целосно електрична машина, поточно целосно електричниот модел едноставно би бил премногу тежок. Додека модел со нулта емисија од McLaren не доаѓа наскоро, компанијата подготвува цела флота на хибридизирани модели.

Извршниот директор на McLaren, Мајк Флевит, за американската публикација „Car and Driver“ откри дека платформата за следната генерација ќе биде официјално објавена следната пролет, кога ќе ни бидат достапни и неколку информации околу хибридниот погон. Првиот електрифициран модел ќе биде претставен кон крајот на 2020 година, додека пак остатокот од гамата на компанијата ќе добие plug-in хибридна верзија во наредните 3-4 години.

McLaren

Еден од новите модели ќе биде plug-in хибриден суперавтомобил, кој до 100ка ќе „развива“ за само 2,3 секунди, што всушност ќе го направи три десетини од секундата побрз од гореспоменатиот P1. Автомобилот ќе доаѓа со погон на сите четири тркала, каде за погонување на предните ќе е задолжен конвенционалниот мотор, додека пак задната оска ќе биде придвижена од електричната единица.

Од компанијата изјавија дека 4,0-литарскиот V8 твин-турбо мотор ќе продолжи да го напојува McLaren во наредните години, сепак тие работат на развивање на V6 единица, која ќе биде полесна и компатибилна со хибридниот погон.

Поврзани вести

Back to top button